18 Декември, 2025
0.0451

Градовите кои економски најбрзо растат!

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2013 10:15

Добивај вести на Viber

Кина без дилема е економско чуд на новиот век. Делува неверојатно како државата успева да ги одржи стапките на раст толку долго време. Дури и оние држави кои треба да ја следат, како на пример Индија и Бразил доживуваат застои или помали стапки на раст. Постојат големи мистерии и дилеми околу тоа што ќе се случува со Кина во годините кои доаѓаат. Многумина не веруваат ниту на статистиките кои се дистрибуирани преку државните агенции. Многу аналитичари велат дека тоа е балон кој кога најмалку ќе очекуваш ќе пукне. Кинезите имаат економија базирана скоро исклучиво на инвестиции и на извоз. Доколку навремено државата не ја трансформира потрошувачката тогаш во случај на запирање на инвестициите се може да тргне надолу. Интересно она што е проблем кај западните економии, инвестициите кај Кинезите се движи со засилено темпо, дури и според некои со презасилено. Сепак државата се развива сериозно брзо. Извештајот до кој дојдовме го покажува токму тоа. 27 од 28те најбрзо растечки економски урбани области се од Кина. Кога ќе ги видит бројките за раст на вработеноста и БДП во овие региони доаѓате до заклучок за тоа колку силно оваа економија расте и се развива. Градот кој е на првото место пред само 20 години бил место кое преживувало благодарение само на земјоделието. Денеска е модерен индустриски град, кој за 20 години произвел 11 пати повеќе од 1993 година. Навистина запрепастувачки! Во истиот период на пример градот Детроит бележи раст од само 0,5% годишно и има зголемена невработеност. Милано во Италија расте само со 0,1%. Времето на истокот навистина доаѓа. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина