Добивај вести на Viber
Од почетокот на годинава досега во касата на Град Скопје приливот на планираните приходи е намален за 4 ,9 отсто. Градските власти го скроија ребалансот на Буџетот на Градот Скопје за 2014 година. Со ребалансот предвидени се намалувања и кај приходите и кај расходите. Дополнително предвидени се измени и во планираните расходи во Програмата за развој.
- Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2014 година, се предлага намалување на вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје. Предложените измени по пооделни буџети се вршат првенствено согласно проценките за динамиката на реализација на проектите, како и усогласување на расходите со динамиката на остварување на приходите.Вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје за 2014 година се предлага да се намалат за 4,9 %, при што кај некои поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџет на Град Скопје се бележи намалување, а кај некои минимално зголемување,
стои во образложението од Град Скопје.
Вкупен буџет 2014 год. Буџет 2014 год. Ребаланс 2014 год.
Вкупно (евра) 89.325.203 84.957.642
Основен буџет 53.382.113 51.024.390
Буџет на самофин.активности 5.360.975 5.344.878
Буџет на дотации 22.569.105 22.569.105
Буџет на донации 1.590.243 1.710.325
Буџет на кредити 6.422.764 4.308.943
Во ставката расходи, парите за плати и наоместоци нема да се намалуваат, предвидени се помалку расходи за камати, субвенции и трансфери, капитални расходи, отплата на главница. Од друга страна зголемени се расходите за стоки и услуги,резерви и недефинирани расходи. Во делот на приходите, Градот очекува помлаку пари од даночните и неданочните приходи, намалени се приходите од задолжувањата странство и од дома, а капиталните приходи се на исто ниво. Благо зголемување се очекува од приходите од трансфери и донации
- Во основниот буџет на Град Скопје за 2014 година се предлага намалување во износ од 2.357.723 евра, што претставува намалување за 4,4%. Имено, кај тековно оперативните програми се предвидува намалување од 1.235.772 евра, додека кај капиталните расходи предвиденото намалување изнесува 1.105.691 евра,
стои во образложението од Градот.
Со ребалансот е избришана ставката со која што беа предвидени пари за изградба на Подземната сообраќајница од Влада до комплекс Банки, откако Градот откажа од изградбата со образложение дека се работи за многу скап проект. Иако кај некои капитални проекти има намалување на планираните пари, постои зголемување на расходите за Градската куќа, изградбата на катните гаражи, а има нови ставки како Електрична енергија и вода за фонатаните.
Еве дел од измените каде што има зголемување на расходите:
Буџет 2014 Ребаланс 2014
Привремени вработувања 65.040 97.560
Изградба на Градска куќа 81.300 341.463
Катни гаражи Даме Груев 3.536.422 4.024.227
Сообраќајница М.Т.Гологанов 406.504 731.707
Бул.Партизански Одреди до Св.Петар 81.300 325.203
Електрична енергија и вода за фонтани 86.178
Универзална сала(набавка на
Звучна и сценска опрема) 19.186
Реконструкција на покрив на Универзална сала 4.065
Еве дел од измените каде што со ребалансот е предвидено намалување на парите:
Буџет 2014 Ребаланс 2014
Бул.Х.Т.Карпош(обиколница и проширување) 406.504 81.300
Фекален колектор долж бул.Србија
И Б.С.Бато 487.804 162.601
Изградба на комунална инфраструктура 1.089.430 731.707
Бул. Илинден 2 и 3 фаза 243.902 178.861
Подземна сообраќајница(Влада-Банки) 487.804 0
Подземна сообраќајница(Влада-Банки 975.609 0
Одржување фонтани споменици 325.203 286.178
Изградба на јавно осветлување 780.487 487.804
Измени ќе претрпи и планот на Програми за развој за периодот 2014-2016 година
Со ребалансот се предвидени и измени во планот на Програмите за развој за периодот од 2014 до 2016-та година. Во делот на капиталните трошоци на општината со ребалансот за годинава се предвидени 999.186 евра што е повеќе претходно планираните 657.723 евра. Во оваа ставка спаѓа обезбедување модерни услови за работење на градската администрација, зголемена ефикасност и ефективност во работењето, како и поголема транспарентност кон граѓаните и бизнис заедницата.
- Овие цели се планира да се постигнат преку повеќе проекти и активности, како набавка на компјутерски софтвер, продолжување со изградба на новиот административен објект - градска куќа и купување канцелариски мебел и друга опрема за потребите на градската администрација,
се вели во образложенитето од Градот Скопје.
Со ребалансот е предвидено намалување на парите за уредување на градежно земјиште, изградба на јавно осветлување,изградба на магистрални и собирни улици,изградба на систем за прочистување и одведување на отпадни води,изградба на сообраќајна сигнализација. Во Програмата за Јавен превоз каде што спаѓа и изградбата на трамвајски линии и депо, со ребалансот не се предвидени никакви расходи за годинава. Дали тоа значи дека Градот ќе се откаже од долгонајавуваниот трамвај, засега не е познато.
- Предлог Изменувањето и дополнувањето на Планот на програмите за развој за периодот 2014 - 2016 година е изготвено со цел усогласување на планираните средства по потпрограми според реалните можности за реализација на проектите во развојните програми во тековната 2014 година, како и усогласување со динамиката на остварувањето на приходите,
стои во образложението од Градот.
Во Програмата за изградба на комерцијални објекти планираните 8.751,219 евра, со ребалансот се зголемени на 8.824.390 евра, пари наманети за катните гаражи.Во образложението од Градот стои дека целта на оваа програма е зголемување на бројот на паркинг места во оној дел од градското ткиво кое претрпува најголемо оптоварување со динамички и стационарен сообраќај.
- Ефектите од изградбата на катните гаражи се повеќекратни, пред се во зголемување на безбедноста во сообраќајот заради намалување на бројот на паркирани возила по тротоарите и улиците во централното градско подрачје,
образложуваат од Градот.
За Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за оваа година и за измените во Програмата за развој, советниците од Град Скопје ќе распрaваат на утрешната седница.
Ј.С