19 Декември, 2025
0.0520

ГРАДСКО ЛУДИЛО: Автобусите се чекаат по 45 минути, ЈСП немале механизам да се справат

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2019 11:45

Добивај вести на Viber

Граѓани  од главниот град кои утрово тргнаа на работа со јавниот градски превоз, на своите работни места задоцнија и по 45 минути, затоа што и по толку време ги чекаа „редовните“ линии во нивното место на живеење. Иако проблем има речиси секој ден, денеска гласно реагираа жителите кои го чекаат автобусот број 5 кој сообраќа од населбата Дексион до Ново Лисиче. Во таа насока, од Ѓорче Петеров до Центар, автобус немаше воопшто во периодот од 9.15 до 10 часот иако во обратната насока автобусите редовно сообраќаа.

„ Не е новина да доцни автобусот, особено во вторник и во петок кога има бесплатен превоз за одредени катергории граѓани, ама ова е навистина недозволиво. Да чекаш повеќе од 40 минути навистина не е во ред. Сме отишле и во други градови, во други држави кои се многу поголеми, па доцнења нема, реагираа граѓаните.

Од Јавното сообраќајно претпријатие за Фактор велат дека знаат за проблемот и дека како и денеска слично било и вчера.

„Станува збор за склоп на околности, повеќе фактори кои влијаат на функционирањето на целиот сообраќај, вклучувајќи го и јавниот превоз. Во случајов, денеска од 8.30 до 10 часот сообраќајот во централното градско подрачје беше пренасочен поради протести пред Собрание на РСМ, а од 10 часот протест започна пред Влада на РСМ. Истовремено, светлосната сигнализација на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (по која минува автобуската линија 5) не функционира поради технички проблем. Во близина на почетна-крајна постојка на линија 5 во Ново Лисиче, на булевар „АСНОМ“ има градежни работи, дел од трасата не е функционална. Имајќи ги сите горе наведени фактори во предвид, автобусите со линија 5, како и возилата на неколку други линии, сообраќаат со задоцнување, образложуваат оттаму.

Додаваат и дека со задоцнување, потешкотии и промени во трасите, принудно сообраќаат и приватни возила и такси возилата иако граѓаните сведочат дека со такси дошле на сканата дестинација за многу кратко време.

На прашањето како ЈСП планира да се справи со оваа ситуација особено што доаѓа зима, па има и апели на градските власти граѓаните да се возат со автобус, оттаму вела дека немало решение.

„ЈСП Скопје нема механизам како да се справи во ситуацијата, единствено само може да апелира за трпение и разбирање од страна на корисниците на јавниот превоз, стои во одговорот од ЈСП.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните