Графолог ќе вештачи потпис на жена која тврди дека друг гласал во нејзино име
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 21:11
Државната изборна комисија(ДИК) повика графолог од Министерството за внатрешни работи да го вештачи потписот на Фатиме Сулејмани од Гостивар, која тврди дека во нејзино име гласал некој друг во неделата.
Таа и членовите на Општинската изборна комисија во Гостивар од спорното избирачко место, тврдат дека таа дошла да гласа, било утврдено дека на нејзиното место во избирачкиот список веќе имало потпис. За да утврдат дали нејзиниот потпис се совпаѓа со тој во избирачкиот список и во нејзината лична карта, на жената во ДИК и кажаа да се потпише на бел лист хартија. Дури се споменуваше дека може жената да се упати на полиграф за да се утврди дали ја кажува вистината.
Крајниот рок на ДИК за одлучување за приговорите истекува на полноќ.
Денот помина во бурни расправи, но малку е веројатно дека приговорите ќе ги решат до полноќ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




