05 Декември, 2025
0.1729

Граѓаните нема да ги плаќаат сметките за исклучено парно

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2012 15:51

Добивај вести на Viber

Во Организацијата за заштита на потрошувачите денеска  врие. Граѓаните кои имаат исклучено парно масовно доаѓаат со сметките покажувајќи ги нелогичните суми. За половина месец, со иста квадратура на стан, на двајца граѓани им дошле различни сметки. Едниот треба да плати 500 денари а другиот 700 денари. „Луѓето не знаат како воопшто се пресметува тој паушал, од Топлификација велеа дека тој ќе изнесува 10 денари од метар квадратен, сега излезе дека нема никакво правило, и дека како што тврдат граѓаните ако си пријател со некој од Топлификација не мора ни да плаќаш“,  вели Маријана Лончар  од Организацијата на потрошувачи. И додека граѓаните револтирано велат дека нема да ги плаќаат сметките за исклучено парно, во Организацијата за заштита на потрошувачите сепак ги советуваат да платат. Лончар објаснува дека сега собираат информации од граѓаните по што ќе поднесат претставка до Уставен суд за Правилникот. „Ние не можеме да кажеме не плаќајте сметки зашто тоа е нешто донесено со закон и ако падне на Уставен они ќе си ги добијат парите назад“, вели Лончар. Според неа, за случајот со Топлификација треба да се произнесат и од Комисијата за заштита на конкуренцијата затоа што било очигледно дека со високите паушали, Топлификација ја користи својата монополска позиција на пазарот. Од топланите пак објаснуваат дека тие никогаш не кажале дека граѓаните треба да плаќаат фиксна цена од 10 денари за метар квадратен и дека пресметката се правела во зависност од односот на исклучените корисници и потрошувачката на енергија во зградата. Инаку во Скопје близу 11.000 станови се откажани од парно греење и сите тие треба да плаќаат паушал затоа што цевките на Топлификација поминуваат низ нивните станови. За ваквата одредба пред неколку години, беше поднесена иницијатива до Уставниот суд за нејзино укинување, но судот отфрлил дел од претставките затоа што тој Правилник веќе не постоел.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември