05 Декември, 2025
0.0331

Граѓаните преку апликација ќе се информираат за загаденоста на животната средина

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2013 12:33

Добивај вести на Viber

Граѓаните до крајот на октомври преку апликација ќе може да се информираат за состојбата со животната средина, загаденоста на водата, воздухот и почвата за секоја парцела во Скопскиот регион.

Апликацијата освои прва награда на натпреварот за идеи што на 5 март се одржа во Драч, Албанија во конкуренција на 10 предлози од седум земји од регионот учеснички во проектот „Инспирација“ подржан од Европската комисија.

Првонаградениот проект доби 20.000 евра од Европската комисија за изработка на софтверска апликација и обезбеди право на учество на натпревар за идеји во Фиренца, а е заеднички проект на Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за катастар на недвижности на тема „Да ја заштитиме животната средина“.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска на прес-конференција појасни дека апликацијата ќе овозможи на едно место увид на просторните податоци преку геопорталот на Агенцијата.

„Агенцијата ќе ги даде своите податоци за катастарските парцели и за топографските карти и други податоци со кои што располага, а МЖСПП ќе ги даде податоците за заштитата на животната средина, почвата, водата, флората, фауната. Ќе се добие една апликација на која ќе можат граѓаните да ги видат заштитените подрачја и каква е загаденоста на воздухот на почвата“, рече Трпески.

Според државниот секретар во МЖСПП Соња Лепиткова, секој што поседува имот ќе може точно да знае каква е состојбата со животната средина, со воздухот, почвата и водите и ќе знае точно колку неговиот имот вреди и дали постои нешто го загадува. За оние што сакаат да купат имот на мапата ќе може да види каква е состојбата со животната средина и ќе знае каков квалитет на земјиште може да купи.

„Тоа во иднина ќе значи формирање на населби кои не сме ги знаеле и кои воопшто не биле третирани од урбанистите за живеење во здрава и квалитетна животна средина. Сега ќе бидат мапирани и евидентирани состојбите и катастрите на загадувачи на воздух, почва, вода и со отпадот и секој граѓанин јасно на мапата ќе може да види која било катастарска парцела во каква состојба во полето на животната средина се наоѓа“, истакна Лепиткова.

Пилот апликацијата ќе се реализира на територија на Скопскиот регион, вклучувајќи ги 17-те општини, Аеродром, Арачиново, Ѓорче Петров, Гази Баба, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Бутел, Сарај, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево, Сопиште и Шуто Оризари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност