Граѓаните се задолжуваат за да го истераат месецот
Објавено во: Анализа 09 Декември, 2012 08:00
Се потешко се враќаат кредитите
Нефункционалните кредити на банките растат со брзо темпо во последните години. Само оние на домаќинствата лани изнесувале близу 100 милиони евра, а во 2006 година биле 26 милиони евра, што значи дека за шест години пораснале за неверојатни 74 милиони евра. Загрижувачки е податокот дека расте бројот на кредити кои банките не можат да ги наплатат од домаќинствата, за разлика од порано кога најмногу заглавуваа компаниите. Според едно истражување на Заводот за статистика кое ја мери сиромаштијата во земјава, дури 40% од населението има проблеми со исплата на станбени и потрошувачки кредити и плаќање на сметки.
Состојбата не е поразлична и во соседството. Во Бугарија, плаќањето на сметки е најчестата причина поради која Бугарите земаат кредити. Во периодот јули – септември, секој трет брз кредит бил кредит за покривање на сметките. Во Србија, фирмите се попроблематични должници, но не се исклучуваат и граѓаните кои најчесто заглавуваат со станбените кредити. Таму банките веќе активирале околу 300 хипотеки на граѓани кои се задолжиле за да купат стан. Во Хрватска пак, од 127,6 милијарди куни одобрени кредити на граѓаните, спорни за враќање се 11,2 милијарди куни.
Банкарите пак, на тркалезна маса во рамките на Финекспо порачаа дека кредити ќе продолжуваат да одобруваат и понатаму, со можност и за намалување на каматните стапки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





