19 Декември, 2025
0.0599

Граѓаните да не патуваат за викендот ако немаат потреба

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2017 09:01

Добивај вести на Viber

Се апелира до граѓаните кои немаат особена потреба за патување во текот на викендот да не патуваат, а транспортерите кои можат да ги одложат своите транспортни рути во текот на викендот да ги одложат доколку тоа не им предизвкува економска штета. Оние кои ќе патуваат задолжително да поседуваат зимска опрема за сообраќај и за чистење на патиштата, пакети за прва помош и определено количество вода и храна.

Повеќе подготвителни превентивни мерки донесе синоќа Управувачкиот комитет за кризи, по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и многу ниски температури на територијата на Македонија во наредните денови.

„Во однос на можните проблеми со снабдувањето со електрична енергија, Управувачкиот комитет донесе заклучок со кој компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност и кои ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија“- рече Александар Георгиев, портарол на Владата.

Што се однесува до ризикот во однос на сообраќајот, на состанокот е донесен заклучок екипите на ЈП Македонија пат да бидат во постојана оператива, готовност за реакција на определени критични точки кои постојат на патиштата, а доколку има потреба ќе биде воведена и забрана на движење на тешки транспортни возила на определени потези на патиштата од четврток до понеделник.

Граѓаните ако имаат потреба од медицинска или каква било друга помош и ако се најдат во неповолна ситуација може да се јават на телефонскиот број на ЦУК, 195 или да се јават на телефонскиот број на Црвениот крст – 3139 578.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки