18 Декември, 2025
0.1957

„ГРАЃАНИТЕ ДОБРО ЗНААТ КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОВАА СОСТОЈБА“: Влен со реакција до ДУИ 'каде бевте 20 години'

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 17:26

Добивај вести на Viber

ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу.  ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници.

Ова го посочуваат денеска од политичката партија Влен, како реакција на претходниот прес на опозиционерите ДУИ. 

- А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови во светот со неколку ваши министри за животна средина?
Каде бевте кога граѓаните протестираа за чист воздух и против дивите депонии, додека вие правевте математики кој колку проценти ќе земе од тендери?
Што се однесува до „личните интереси“ што ги споменува ДУИ, вие, со целата ваша криминализирана клика во 20 години власт, за малку што не влеговте во Гинисовата книга на рекорди за корупција и злоупотреба на државните ресурси.

Депониите се создаваа додека вие купувавте трговски центри, нафтен бизнис и централи со фотоволтаици.
Депониите околу Скопје, во Тетово, во Кичево и во Струга се наследство од времето на ДУИ - пишува во соопштението на Влен.

Додаваат дека Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, реагираше веднаш, координирано и заедно со сите надлежни органи и институции, вклучувајќи ги и противпожарните служби и сите надлежни институции.

- Ситуацијата веќе е под контрола и граѓаните се информираат навремено.

Палењето на депониите било во „Дрисла“, во Шуто Оризари или во Трубарево во пресрет на изборите ја отвора темата за обидите за дестабилизација на кои и претходно укажувавме.
Граѓаните добро знаат кој е одговорен за оваа состојба и на 19 октомври ќе го дадат заслужениот одговор - се потенцира на крајот од соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив