Граѓаните ги откажуваат патувањата, агенциите турите за Италија
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020 10:17
Домашните туристички агенции најверојатно нема воопшто да ги организираат турите за 8 март до Италија, поради ширењето на коронавирусот. Иако имаа понуди за Верона, Венеција и Фиренца и имало заинтереисрани туристи, патувањата ќе се одложат. Сепак конечната одлука ќе биде донесена денска. Од туристичките агенции за Фактор велат дека во текот на денот ќе имаат состанок на кој ќе се разгледаат сите опции, ама најверојатно тури нема да има. Секако граѓаните кои првично покажале интерес и уплатиле за патувањето, од вчера наутро масовно ги откажуваат аранжманите.
„Чекаме официјална одлука, која ќе биде донесена во текот на денот. Најверојатно сите тури ќе бидат откажани. Секкао и патниците ги откажуваат патувањата, велат од ЈК Травел.
Инаку и Венко Филипче, министерот за здравство, вчера по состанокот на Центарот за кризи соопшти дека на граѓаните им се препорачува да не патуваат во Италија, освен ако потребата не е итна.
„Доколку немаат итна потреба граѓаните да не патуваат во Италија. Го замоливме конзулот доколку постои механизам тој да биде известен ако некоја група наши граѓани сака да се врати во нашата земја и на тој начин ќе имаме дополнителни информации каде и кога тие би се појавиле на граничните премини, рече вчера Филипче.
Македонија воведе и контрола на граничните премини и на аеродормите. Вчера во земјава пристигна авион со патници од Милано. Доцна синоќа Министерството за здравство објави дека едно лице со покачена температура само дошло на Инфективна клиника, но по испитувањата се утврди дека нема коронавирус.
Инаку во Италија, според последните податоци седум лица починаа, а над 220 се заразени од коронавирусот. Најкритични се северните делови на земјата, каде живеат и многу Македонци. Единаесет градови во овој дел се изолирани, а граѓаните во паника ги испразнија продавниците.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




