Граѓаните ги продаваат туристичките ваучери?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Август, 2020
Туристичките ваучери кои ги делеше државата се продаваат на интернет за половина цена.
Граѓани ги продаваат 6000 денари вредните ваучери за туризам, кои можат да се искористат за одмор во некои од туристичките дестинации во земјава. Во сторијата на ТВ Алсат се открива дека на специјализираните интернет-страници за продажба се нудат и овие ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.
Според информациите на телевизијата, исто така, наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.
Дел од граѓаните ги нуделе на продажба и картичките „купувам домашно“ со цел да добијат пари во кеш.„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, вели за Алсат, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.