Граѓаните на своите контакт адреси ќе добијат зелен плик
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2017 08:00
Сите македонски граѓани, кои заклучно со 31.12.2016 година биле членови на пензиските фондови од задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, на своите контакт адреси ќе го добијат зелениот плик.
Како и минатата, така и оваа година, годишните извештаи за пензиска заштеда на членовите на пензиските фондови со кои управуваат НЛБ Нов пензиски фонд иКБ Прво пензиско друштво, заедно со резултатите што друштвата ги оствариле во корист на членовите, се доставуваат во веќе препознатливиот зелен плик.
Точноста на личните податоци на секој член е клучна за навремена достава на зелените пликови и затоа членовите треба да ја ажурираат секоја промена на своите лични податоци.
Контактирајте го Вашето пензиско друштво за да добиете информации за најбрзиот начин како да ги ажурирате своите лични податоци.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), (02) 3224 229, www.mapas.mk
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




