Граѓаните најмногу должат за парно, струја и телефон
Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 09:40
Извршителите, во првата половина од годината, забележале помала наплата на предмети, споредено со истиот период лани, информира Cител телевизија. Cпоред податоците на Комората за извршување, примени се 70,000 предмети, што во однос на истиот период лани значи 13 илјади предмети помалку. Извршителите наплатиле речиси 47.157.000 евра од должниците. Ова, според претседателот на Комората, Гордан Станковиќ, се должи на економската криза и намалената моќ на граѓаните да ги враќаат долговите.
-Тоа значи дека банките помалку кредитираат и затоа пуштаат помалку предмети за извршување. Има намалување и во извршувањето кај недвижнините. Ние имаме опрема, машини , автомобили кои не се продаваат и на неколку лицитации. Самото тоа покажува дека или нема интерес или пак луѓето немаат пари - изјави Станковиќ. Преносот на предметите кои до скоро беа во надлежност на судовите , често создава конфузија кај граѓаните. Ако заборавиле да платат некоја сметка за струја, парно или телефон пред 15 години, таа сега доаѓа за наплата преку извршител, зголемена со камати за сите тие години. -Иако според законот за облигациони односи, после 5 години делото застарува, доаѓаат сметки од пред 14,15 години . Како судот ги водел и зошто ги чувал толку долг период, а во исто време не ги известувал должниците, треба тие да се прашаат. Е сега проблем настанува кога тие сметки треба да се платат зголемени со камати за сите тие 15 години години - додава Станковиќ Граѓаните се поголеми должноци од правните лица, а најмногу не плаќаат за парно, струја или телефон или рати за кредити кај банките.Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




