25 Ноември, 2024
0.2390

ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ КУПУВАЛЕ ЕВРА ВО МАРТ, во април се смириле, а во мај се опуштиле

Објавено во: Економија 05 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Девизните резерви на земјава во моментов изнесуваат 3,150 милијарди евра или тоа значи четиримесечна покриеност на увозот. И покрај влошувањата на одредени сегменти, тие се одржуваат на солидно ниво, за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Гувернерката Анита Бежовска-Ангеловска не крие дека од стартот на кризава Народната банка интервенирала со продажба на девизи, што значи дека продавала девизни средства, поради поголемата побарувачка од граѓаните.

„Секако дека имаше интервенции на девизниот пазар, тоа секогаш се случува во кризни периоди. Девизните резерви од почетокот на годината се намалени за 113 милиони евра, но сепак би споменала дека нивото пред почнувањето на кризата беше исклучително високо, или двојно повеќе од пред кризата во 2008 година. Значи, има и интервенции, но пак резервите се одржуваат на соодветно ниво“, рече Бежовска. 

Еден од факторите што се намалиле девизните резерви е и големата отплата на надворешен долг што се случи во јануари.

„Но, сепак, имаше и интервенции на девизниот пазар. Сепак, тие беа поголеми во март, и се намалија во април, а од почетокот на мај веќе се стабилни движењата“, рече гувернерката.

Тоа покажува дека на стартот на оваа здравствена криза и кога стартуваа економските мерки, граѓаните повеќе стравувале и купувале евра, во април малку се смириле, а во мај уште повеќе се релаксирале. 

На прашањето за колку ќе се зголеми јавниот долг на земјава, Бежовска рече дека сега јавниот долг на земјава е 50,7 отсто од БДП на крајот на првиот квартал. 

„Нашата економија се соочува со поголем шок, затоа најефективни мерки можат да бидат фискалните мерки, а за нив требаат пари. Оваа година ќе имаме и намалени приходи, и зголемени расходи, тоа ќе значи нагорен притисок врз нивото на јавниот долг. ММФ очекува јавниот долг годинава да се зголеми за околу 5 проценти, а слични се и очекувањата на централната банка. Подобри согледувања ќе имаме кога ќе се направи ребаланс на буџетот“, рече Бежовска. 

Гувернерката порача дека НБМ будно ги следи сите движења, и ако има потреба, порано ќе се направат економските ревизии и нема да се чека октомври.   

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“