24 Јуни, 2024
0.0870

Граѓаните најмногу трошат за храна и сметки – дали се штеди за здравјето?

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Ако ја погледнеме структурата на минималната потрошувачка кошничка, граѓаните најголем дел од парите ги трошат за храна и плаќање сметки.

Граѓаните најмалку одвојуваат за здравјето. Бројките покажуваат дека луѓето повеќе пари даваат за култура, а помалку за здравјето. Минималната потрошувачка кошничка како што објави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  во ноември изнесувала 51.714 денари, од кои за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари. Понатаму, 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека свеста кај граѓаните е променета за разлика од порано и сега многу повеќе внимание обрнуваат на здравјето.

„Ние вложуваме многу напори, да се прават превентивни прегледи за откривање на дијабетес, бубрежни болести, кардиоваскуларни болести. Мажите постари од 45 години ги упатуваме да направат тумор маркери на простата, а жените ги советуваме редовно да одат на гинеколог. За разлика од порано кога жените кажуваа дека со години не отишле на гинеколог откако родиле дете, сега е мал бројот на жени кои барем еднаш годишно не одат на гинеколог. Пензионерите кога ќе земат пензија, прво купуваат лекови, а некои од нив фондот ги покрива, дел ги купуваат приватно. Голем дел од населението редовно прима некаква терапија за хронични болести“, вели Чолакова Дервишова.

Што се однесува до минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство, тие во ноември се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември. Со години граѓаните најмногу пари одвојуваат за храна и сметки. 

Претходно, ги анкетиравме граѓаните и тие кажаа дека со години не одвоиле пари да си купат книга, да одат на кино или театар.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ijeab

Можеби ќе ве интересира

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите