ГРАЃАНИТЕ НИКАКО ДА СЕ СМИРАТ, ПОВТОРНО ПРЕТВОРАЛЕ ДЕНАРСКИ ЗАШТЕДИ ВО ДЕВИЗИ - во мај намалување за седум милиони евра

Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2022 07:35
Ако април беше месец на своевидна радост во поглед на денарските депозити, односно граѓаните не само што престанаа да ги повлекуваат штедните влогови во денари, туку и дел вратија во банките, во мај повторно имаме неповолни вести.
Односно, иако не е големо, сепак и во мај е регистрирано повлекување на денарски депозити од домашните банки кај секторот домаќинства. Народна банка на Македонија вчера ги објави податоците кои говорат дека во петтиот месец од годинава депозитите во денари од домаќинствата се намалени за 7,3 милиони евра.
Оваа сума не е голема и не е загрижувачка, но покажува еден негативен тгренд кај домашните граѓани, кои исплашени од војната во Украина која не престанува веќе пет месеци по ред, и пред се од високата инфлација која во последниве месеци регистрираше двоцифрени стапки, се одлучуваат да ги повлечат своите депозити во денари, или поточно да ги конвертираат во евра.
Токму показателите на централната банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во странска валута во мај се зголемени за 18 милиони евра. Ова би можело да се толкува дека всушност повлечените денари од банките не излегле од банкарскиот систем, туку се претвориле во евра, што значи дека повторно останале во банкарските канали, а што на крајот секако е позитивна информација.
И плус, граѓаните вложиле во банките во странска валута уште околу 10 милиони евра. Тоа го покажуваат и прецизно бројките на НБМ, според кои вкупните влогови на домаќинствата во мај пораснале за 10,7 милиони евра, така што сега тие се на ниво од 4,951 милијарди евра.
Во денари, пак, граѓаните на крајот на мај чуваат 2,319 милијарди евра или 7,3 милиони помалку од април, додека, пак, депозитите на домаќинствата во странска валута тежат 2,631 милијарди евра и се за 18 милиони евра повисоки од април.
Ако се гледаат пак, вкупните депозити во нашите банки на крајот на мај, односно и на домаќинствата и на фирмите, тие се на ниво од дури 7,37 милијарди евра, а во однос на април се зголемени многу малку, за 680 илјади евра.
Со оглед што помалку денари се повлечени отколку што се зголемени депозитите во странска валута, се извлекува заклучокот дека граѓаните и натаму имаат висока доверба во банкарскиот систем на земјава, само што повеќе преферираат да ги чуваат своите пари во девизи, отколку во денари.
Фактор кога излегоа претходните податоци за април пишуваше дека се враќа довербата на граѓаните во штедењето во домашната валута, денарот. Податоците кои тогаш ги објави централната банка за април говорат дека денарските штедни влогови на домаќинствата во тој месец се зголемиле за близу 17 милиони евра во однос на претходниот месец, што следуваше по мартовското „страшно“ повлекување на денарсјките депозити, за дури 159 милиони евра за само еден месец.
Априлскиот плус кај денарските депозити на домаќинствата беше еден вид знак дека граѓаните веќе не стравуваат од евентуални промени кај девизниот курс на денарот. Сепак, во мај се случиле нови размислувања, па повторно имаме повлекување, иако како што веќе напишавме, воопшто не станува збор за загрижувачка сума.
НБМ три пати досега за кус период ја зголеми основната камата и ги повика банките да ги зголемат каматните стапки на штедењето во денари, а деловните банки, иако досега само неколку, сепак го стартуваа процеот на пораст на каматните стапки, засега само на влоговите.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНА БАНКА СО КРАТКОРОЧЕН КРЕДИТ - под кои услови ќе ѝ се враќаат 70 милиони евра на Шпаркасе банка

ЗЕЛЕНСКИ БАШ СЕ ОПАРИ: Пријави приходи од 380.000 евра лани и тие не се од плата

ОВАА ОДЛУКА ГИ ПОГОДУВА СИТЕ! Ќе останеме без пари за надомест при откажан или задоцнет лет?

БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ ПАЃААТ, АМА ПРЕМНОГУ БАВНО - еве кои категории плаќаат по најниски, а кои по највисоки стапки

ОВОЈ ХОТЕЛ БЕШЕ НАЈЛУКСУЗНИОТ ВО ЕВРОПА: Еве колку пари вложи Тито во него

ЦЕНИТЕ НА ЗЛАТОТО СЕ ИСКАЧИЈА НА НАЈВИСОКО НИВО: пазарите ги чекаат царините на Трамп

УШТЕ ЕДНО СПОЈУВАЊЕ НА БАНКИ ВО СРБИЈА - третото по ред преземање

ПОДОБАР МОНИТОРИНГ И ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ПОНУДИТЕ - утре стартува новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки

АВСТРИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ДЕТСКИОТ ДОДАТОК, СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ - еве какви промени најавуваат
