05 Декември, 2025
0.1744

АВСТРИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ДЕТСКИОТ ДОДАТОК, СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ - еве какви промени најавуваат

Објавено во: Финансии 31 Март, 2025 06:57

Добивај вести на Viber

За да им го олесни финансискиот товар  на своите граѓани една европска земја најавува зголемување на веќе постоечките мерки за поддршка на населението или нови олеснувања за тековната 2025 година. 

Австрија, секако важи за земја која дава солидни бенефити за граѓаните, но според пишувањата на австриските медиуми висината на новите мерки може да достигне и до 1.500 евра или повеќе.

Зголемени субвенции за струја, греење и превоз до работа

Работниците сè уште добиваат надоместоци за патување до 1.200 евра, во зависност од тоа каде живеат. Во Виена има бонус за струја од 100 евра.

Покрај тоа, во многу провинции граѓаните може да се поднесат барања за субвенции за трошоците за греење до 350 евра. Комората на труд на домаќинствата со ниски примања им обезбедува речиси 400 евра, во зависност од провинцијата.

Од јули 720 евра додаток по дете 

Од јули самохраните родители со максимален бруто приход од 25.725 евра годишно ќе добиваат 60 евра по дете месечно, што одговара на 720 евра годишно, пренесуваат медиумите од соседството.

Оваа исплата ќе се исплати автоматски како додаток на семејниот додаток и ќе го замени претходниот надоместок за невработените и лицата со ниски примања.

Бонус за мајсторство и бонус за поправка 

Бонусот за занаетчии за 2025 година изнесува до 1.500 евра. Аплицирањето за оваа субвенција ќе биде можно од март. Дополнително, останува и бонус за поправка до 200 евра за електрични апарати и велосипеди. Сепак, средствата би можеле да снемаат во наредните години поради затегнатата буџетска ситуација.

Бонус за почеток на училиште и даночен додаток 

Кампањата „Шулстартплус“ на семејствата им нуди 150 евра по дете. Трансакцијата се врши преку нова апликација за паметен телефон. Даночното усогласување во 2024 година на многу работници ќе им донесе поврат до 1.000 евра.

Овие мерки имаат за цел да го ублажат растот на трошоците за живот и да обезбедат насочена помош за различни групи на население, пишуваат австриските медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката