05 Декември, 2025
0.0433

ПОДОБАР МОНИТОРИНГ И ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ПОНУДИТЕ - утре стартува новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки

Објавено во: Финансии 31 Март, 2025 11:59

Добивај вести на Viber

Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите, соопштија денеска од Министерството за финансии.

- Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспареноста и ефикасноста на целиот процес, а поедноставената и стандардна документација отвора можност за учество на повеќе компании во овој процес и згомемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства - вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Новите алатки овозможуваат и придонесуваат за усогласување со стандардите и регулативата на ЕК и исчекор во востанувањето на ЕСЈН на официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД), се додава во соопштението. 

Притоа е нагласено дека се имплементира процес на автоматско креирање на тендерска документација со што значително ќе се подобри квалитетот на тендерските документации, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се намали поништувањето на постапките. Ќе се скрати и времето за учество на постапките и ќе се постигне поголема сигурност и интегритет во креирањето на понудата.

- Воведувањето на алатка за структуирање на финансиската понуда на компаниите, која ќе доведе до поголема транспарентност и полесна следливост на цените, ќе овозможи подобар мониторинг и подетална анализа на цените на понудите и вредноста на договорите за јавни набавки, споредба на единечни цени на ист предмет на набавка со други институции, споредба со цени од претходни години и сл. 

Со ова ќе се има увид во генералните движења на цените на производите и услугите на пазарот за јавни набавки, компаративна анализа, проектирање на трендови итн.Целокупната надградба на системот, покрај горенаведените бенефити и подобрувања, претставува основа за наредна поголема реформа во работењето на јавниот сектор, како на пример воведување унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи - се појаснува во соопштението. 

Притоа додаваат дека тимот во Бирото за јавни набавки, предовден од директорката Маре Богоева Мицовска,  останува посветен континуирано да го подобрува системот на јавните набавки на сите полиња, како во делот на воведување иновативни електронски алатки, така и за зајакнување на интегритетот и довербата во постапките за јавни набавки.

Фото: Принтскрин/ЕСЈН веб страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката