ОВАА ОДЛУКА ГИ ПОГОДУВА СИТЕ! Ќе останеме без пари за надомест при откажан или задоцнет лет?
Објавено во: Финансии 01 Април, 2025 09:41
ЕУ размислува за ревизија на правилата кои ги регулираат правата на патниците во авионите во случај на доцнење или откажување летови.
Предложената промена на европските правила за компензација за доцнење на летовите може да го ускрати правото на компензација на 85 отсто од патниците, предупредија групите на потрошувачи.
Европските патници во воздушниот сообраќај би можеле да се соочат со нови потешкотии во добивањето на компензација за доцнење на летовите, бидејќи Европската унија започна ревизија на регулативите кои датираат од 2004 година. Сепак, предлогот наиде на политички пречки, а граѓанското општество и авиокомпаниите се залагаат за негово ажурирање.
Во моментов за доцнење подолго од три часа може да се добие отштета од 250 до 600 евра.
Но, тековните преговори може да резултираат со нови правила кои се неповолни за потрошувачите, предупредува Европската организација на потрошувачи (BEUC).
Продолжување на минималното време на доцнење – Комисијата предложи промена на временската рамка за добивање на надоместокот. Наместо три часа, сега ќе биде пет, девет или дванаесет часа, во зависност од должината на летот - изјави за Euronews правниот експерт на BEUC, Стивен Бергер.
– Што значи тоа конкретно? Ако се усвојат сегашните предлози, 85 проценти од потрошувачите повеќе нема да имаат право на компензација - Кои летови се предмет на регулација?
Директивата се однесува на сите летови што поаѓаат од аеродромите на ЕУ, без оглед на националноста на авиокомпанијата, како и за летовите што пристигнуваат на аеродромите на ЕУ доколку се управувани од европска авиокомпанија.
Сепак, тој не се однесува на летови до Европа што ги оперираат авиопревозници кои не се членки на ЕУ, ниту на летови надвор од ЕУ со попатни застанувања во Европа.
Правилата ги опфаќаат сите земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Не се обезбедува компензација во случај на „исклучителни околности“, како што се екстремни временски услови, ограничувања на контролата на летање, штрајкови кои не вклучуваат персонал на авиокомпанијата и политичка нестабилност.
Скратени рокови за поднесување барања BEUC го критикува и предложениот рок за остварување на правата на патниците.
– Според сегашниот предлог, патниците ќе имаат само три месеци да поднесат барање за обесштетување или да бараат почитување на нивните права, што е прекраток период – нагласува Бергер.
Флексибилност во корист на авиокомпаниите Преговорите меѓу земјите-членки на ЕУ се засноваат на предлог на Европската комисија од 2013 година.
Граѓанското општество смета дека овој документ е застарен и не ги задоволува потребите на современите патници.
Од друга страна, авиокомпаниите сметаат дека овој документ стар десет години сè уште претставува добра основа за преговори.
Асоцијацијата Airlines4Europe (A4E), која ги претставува компаниите кои управуваат со 70% од европскиот воздушен сообраќај, тврди дека „компромисниот предлог на Европската комисија од 2013 година ќе им ја даде потребната флексибилност на авиокомпаниите за подобро управување со прекините, овозможувајќи им да заштедат летови и подобро да одговорат на врвниот приоритет на патниците - да стигнат до нивната дестинација што е можно побрзо“.
А4Е, исто така, истакнува дека „тековните регулативи се нејасни, што создава несигурност за патниците, авиокомпаниите и судовите“.
Улогата на посредникот во резервациите за патувања Покрај прашањето за компензација за доцнење и откажување летови, организациите на потрошувачи предупредуваат и на потребата од регулирање на улогата на посредниците во продажбата на авионските билети.
Станува збор за платформи за споредување, резервирање и купување авионски билети, кои не се опфатени со правилата од 2004 година.
Полска, која во моментов претседава со ЕУ шестмесечно, ја презеде одговорноста за ова досие и сака да постигне што е можно поголем напредок во преговорите до јуни.
Засега преговорите се водат на техничко ниво и се уште не се достигнати на политичко ниво.
Бизпортал.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





