РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА НА ФАКТОР
Граѓаните сакаат да учествуваат во демократски избори на 11 декември
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 16:20
Вкупно 79% од испитаните се изјасниле позитивно на прашањето: Дали мислиш дека е важно да гласаш на овие избори?
32% од нив сметаат дека со гласање ќе влијаат на својата иднина, 24% сметаат дека е важно да го искористат своето право на глас, а 23% ќе гласаат затоа што ја сакаат Македонија.
На анкетното прашање на faкtor.mk во период од 28 ноември до 30 ноември одговориле вкупно 1741 испитаници.
Меѓу оние кои одговорија на анкетата има и 11% кои сметаат дека не е важно да гласаат на овие избори затоа што не им веруваат на политичарите, а 3% се рамнодушни и незаинтересирани.
Сепак, поголем дел од граѓаните ја разбираат потребата да бидат вклучени во демократските процеси и ќе земат учество на изборите на 11 декември.
Гласањето е тајно, лично и законски загарантирано право на секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а за остварување на тоа право потребно е изборите да минат во фер и демократски дух. Сите учесници во изборниот процес со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




