16 Декември, 2025
0.0361

Граѓаните сакаат промена: Протестите од Тузла се шират низ цела БиХ!

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2014 10:10

Добивај вести на Viber

Протестите кои веќе две дена траат во Тузла, од денеска се шират низ цела Босна и Херцеговина. Демонстрации за подобар живот и почитување на основните права се закажани и во Сараево, Бања Лука, Зеница, Бихаќ, Брчко, Јајце и повеќе други градови. По вчерашните протести во Тузла, кои ескалираа во немири и судири на демонстрантите со полицијата, 100-тина полицајци и 30-тина граѓани завршија во болница. Полицијата тврди дека во текот на ноќта, одредени групи ги искористиле протестите за масовни грабежи по продавници и објекти, но демонстрантите тоа категорично го негираат. Специјалните полициски сили употребија солзавец за да се справат со толпата, која целосно го уништи првиот кат на зградата на кантоналната Влада во Тузла. Демонстрациите во БиХ се израз на социјалното незадоволство и влошената економска состојба на граѓаните. Протестите беа организирани преку Фејсбук група, која ги повика граѓаните да излезат на улица и да побараат подобар живот. На повикот се одзваа невработени, обесправени работници и незадоволни граѓани. Основачот на Фејсбук групата која повикуваше на протести беше уапсен, што дополнително ги револтираше демонстрантите. Јавноста ја разбесне и видео снимка на полицаец кој употребува солзавец врз студенти кои воопшто не протестираат насилно. http://www.youtube.com/watch?v=cZ132IzgFXY

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството