29 Март, 2024
0.0239

ВЛАДО ЦВЕТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ИУТЕ КРЕДИТ

Граѓаните се повеќе се задолжуваат со „брзи“ кредити

Објавено во: Анализа 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

За итни потреби, стари долгови, но и за нова бела техника, телефони – граѓаните се почесто позајмуваат пари од финансиски друштва. Станува збор за таканаречените брзи кредити за кои во последно време интересот значајно расте. Владо Цветковски, главен извршен директор на Иуте Кредит во разговор за Фактор вели дека се бараат и наменски но и потрошувачки кредити. Сумите варираат.

-Интересот на граѓаните за ваков тип на кредити е навистина голем, бидејќи се работи за помали износи кои можат да ги покријат секојдневните и месечните потреби на граѓаните и најважно од се е дека се одобруваат за неколку минути само со лична карта. Секако дека ние како компанија не се ограничуваме само на готовински кредити, туку на нашите клиенти им нудиме и наменски кредити во мрежата на нашите партнери кои ги има над 50 а со кои имаме склучено договор за соработка. Иуте наменскиот кредит е единствен на пазарот во Македонија кој на нашите клиенти им овозможува во рок од 10 минути да си го подигнат саканиот производ само со лична карта, се разбира доколку е барањето за кредит одобрено. Растот на овој бизнис може да се каже со сигурност дека е во нагорен тренд, бидејќи се заснова на брзо и едноставно кредитирање, кое е во тренд со растот кредитната активност во Македонија. Иднината ја гледаме во автоматизација и дигитализација на сервисите кои ги нудиме на клиентите, а тоа значи брзо и едноставна достапност до нашите кредитни производи. Значи, она што го ќе видите и ќе го посакате, може да го добиете веднаш.

Фактор: За каков концепт всушност станува збор, какви кредити нудите, колкави се каматите, со какви услови ги одобрувате? Колку е всушност скапо задолжувањето кај вас?

-Бидејќи кај нас ризикот од ненаплатени побарувања е многу поголем отколку кај банките, следствено на тоа и нашите кредити се поскапи, но затоа пак ќе истакнам дека кај нас е потребно само документ за лична идентификација при аплицирање. Аплицирањето за кредит се извшува преку четири канали и тоа, директно во нашите експозитури, преку нашата веб страница, телефонски и директно кај нашите трговски партнери.


Фактор: Нудите краткорочни кредити, ненаменски и плус за купување одреден производ во некој од вашите партнери. Какви се кредитни производи им се на располагање на граѓаните и за кои има најголем интерес?

Нашите кредити се готовински и наменски. Готовинските кредити се до износ од 30.000 денари за нови клиенти со рок на отплата до 8 месеци, односно 70.000 денари за постоечки клиенти со рок на отплата до 12 месеци. Наменските кредити кои може да се користат исклучиво во мрежата на нашите партнери се до износ од 80.000 денари со рок на отплата до 18 месеци.

Фактор: Кредити нудат и банките, зошто граѓаните да изберат да позајмат во финансиско друштво?

Одговорот е многу едноставен, затоа што кредитите се одобруваат брзо, во максимален рок од десет минути и секако само со лична карта.

Фактор: Од аспект на вашето друштво, каков е вашиот развој, кои се плановите за во иднина? Конкуренцијата станува поголема.

Гледано долгорочно, планираме Иуте Кредит да се позиционира како лидер на македонскиот пазар на не-банкарски финансиски друштва, со иновативни производи и услуги кон клиентите. Најдобар пример за иновативноста и сериозноста во работењето на Иуте Кредит е најновата соработка Мастеркард која очекуваме за брзо време да овозможи да понудиме нешто ново на пазарот за платежни картички во Македонија. Со оваа картичка ќе им овозможиме на сите наши клиенти во секое време да имаат на располагање дополнителни средства и истите да ги искористат секаде во светот во мрежата на Мастеркард по услови кои ним најмногу им одговараат. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот