ГРАЃАНИТЕ СЕ РАЗБУДИЈА СО СНЕГ: Снежна покривка во повеќе градови
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2017 08:48
Најавениот снег не ги изненади многу граѓаните, но дефинитивно ја разбуди зимата во секој кога утрово се разбудивме со снежна покривка.
Маврово е местото каде снежната покривка достигна најмногу сантиметри. Таму се измерени 15, додека Лазарополчани измерија девет сантиметри снег.
Во Дебар наврнало седум, Тетово четири, додека еден сантиметар снег се измерени во Берово и Виница, а исто толку и во Крушево.
Утринава најстудено беше исто така во Маврово каде термометарот регистрирал минус четири степени. Исто толку се измерени и во Крива Паланка.
Петровец, Виница, Берово, Куманово се разбудија со температури од минус два степени, додека минус еден во Тополчани, Крушево, Скопје, Тетово, Прилеп.
Како што најавивме надлежните за овие денови посебно за викендов најавуваат арктичка студ во Македонија која ќе почне да доаѓа во четврток.
Снежни врнежи проследени и со засилен северен ветер во четврток и во петок.
Викендот пак има друг „кец во ракавот“. Утрата во сабота и недела ќе бидат прилично студени, а локално минималната вредност ќе се спушти до околу -20°С.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




