Граѓаните соголени до гуша: Фрапантни суми наплатени од извршителите
Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2018 11:16
Извршителите не запираат со наплаќање на рекордни суми на граѓаните.
Додека се подготвува новиот закон за извршување, со кој треба да се стави ред во постапката за која граѓаните тврдат дека е само во нивна штета, растат приходите на извршителите. Власта подготвува тарифници со кои нaдоместоците за извршителите ќе бидат пониски, но минатата година е една од најдобрите ако се анализира наплатата на извршните решенија. Така, извршителите наплатиле рекордни 166, 2 милиони евра во 2017 година, од кои над 33 милиони евра се од граѓаните, а останатите се од фирми и од државата. Сумата е за дури педесетина милиони евра поголема од таа што извршителите ја наплатиле во 2016 година кога наплатените пари од извршување биле 118 милиони евра.
Во 2017 година значајно се зголемил и процентот на реализација на примените решенија – па така во таа година кај извршителите стасале 88.723 решенија од кои наплатени се дури 63 отсто. Во претходните години проценот на реализација не надминува 35 отсто.
А бројките за извршувањето се фрапантни. Во последните четири години извршителите од граѓаните и од фирмите наплатиле по основ на извршни решенија дури 500 милиони евра. По години од 2014 година наваму, најголема сума е наплатена токму лани. Во 2016 година износот е 119 милиони евра, додека во 2015 година извршителите наплатиле 107,8 милиони евра, а сумата е речиси идентична и во 2014 година. Ако се разгледува пак наплатата од 2006 година наваму, извршителите за сиот тој период или за 12 години наплатиле граѓански долгови тешки една милијарда и 115 милиони евра.
Она што се разликува доста ако се споредува минатата година е што во таа до извршителите стасале многу помалку извршни решенија за наплата. Така ако во годините од 2014 до 2016 кај нив биле процесуирани по 200 илјади решенија, во 2017 година за наплата стасале само 88.723 решенија.
Минатата година почна притисокот врз извршителите па беше најавен и нов закон за извршување. Сепак и до денеска од надлежните министерства нема конкретен предлог. Министерката за правда Рената Дескоска веднаш по стапувањето на функцијата изјави дека ќе има решение кое ќе биде во корист на граѓаните.
Инаку лани почна и вонсудската наплата на решенијата. Во цела година биле распределени над 11 илјади барања, а вонсудски биле решени речиси 7.000 барања.
A.T.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





