ГРАЃАНСКАТА ОБВРЗНИЦА ОТИДЕ КАКО АЛВА, ИМАШЕ ДВОЈНО ПОГОЛЕМ ИНТЕРЕС: Еве колку пари собра државата
Објавено во: Финансии 13 Јули, 2023
Државата собра 23,5 милиони евра од денешната прва аукција на граѓански обврзници.
Како што информираат од Министерството за финансии, издавањето на првата емисија на граѓанската обврзница успешно завршил со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари.
„Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансисксиот пазар. Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој додаде дека придобивките од воведувањето на овој инструмент на пазарот се повеќекратни и дека покрај бенефитите за граѓаните, инвестирањето во нив значи и дека тие придонесуваат за раст на домашната економија, бидејќи средтвата од граѓанскта обврзница ќе се пласираат преку буџетот во развојни проекти, кои веќе се планирани. Дополнително ќе влијае и на намалување на сивата економија, затоа што ќе ја активира готовината што граѓаните ја чуваат надвор од системот, се вели во соопштението од МФ.
„На аукцијата учествуваа 1.283 граѓани кои имаа уплатено средства во износ од 1.448.030.000 денари (23,5 милини евра). Минималниот износ кој граѓаните можеа да го уплатат за учество на аукцијата изнесуваше 10.000 денари, со поднесување барање за купување на една граѓанска обврзница. Максималниот износ не беше предвиден. Процесот на поднесување барање и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите во деловните банки. Во овој процес со Министерството за финансии заедно го спроведуваа сите деловни банки во земјата.
Со аукцијата се заокружува процесот на издавање на граѓанската обврзница, во кој сега следува постапка на евидентирање на граѓанските обврзница во Централниот депозитарот за хартии од вредност. Приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 година за првата година и 20 јули 2025 година за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5 отсто годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата. Тоа значи граѓаните кои инвестирале во граѓанска обврзница ќе добијат принос вкупно 10 процент од инвестираниот износ“ соопштија од Финансии.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.