КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде
Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2024 10:26
Мажите од западните покраини на Германија, Северна Рајна-Вестфалија и Сар, добиваат највисоки пензии во Германија. Ова го покажува пензискиот атлас на Германското пензиско осигурување.
Просечната старосна пензија на мажите со најмалку 35 години стаж во Северна Рајна-Вестфалија лани била околу 1.923 евра бруто. Во Сар беше околу 1.920 евра, што е повеќе од 100 евра над националниот просек.
На ниво на цела Германија просечната пензија за мажи со најмалку 35 години стаж била 1.809 евра бруто, а за жени 1.394 евра или вкупен просек од 1.623 евра, пренесува dpa.
Сар и Северна Рајна Вестфалија водат и кога се земаат предвид женските пензии со просечни 1.741 и 1.708 евра.
Причината за релативно високите пензии во овие провинции, според извештајот, лежи во претходно добро платените работни места во рударската индустрија. Високите плати од тој период сега се одразуваат на пензиите.
На дното на листата се источногерманските покраини - Саксонија со просечни 1.529 евра, Мекленбург-Западна Померанија со 1.527 евра, Саксонија-Анхалт со 1.515 евра и Тирингија со 1.509 евра.
И покрај значителното зголемување на бројот на исплатени пензии, стапката на придонеси за пензиско осигурување денес е пониска отколку на крајот на минатиот век, се вели во извештајот. Во 1997 година изнесуваше 20,3 отсто, додека денес е 18,6 отсто.
Демографските промени во изминатите години беа надминати без зголемување на стапката на придонеси.
Причината за тоа, меѓу другото, лежи во значителното зголемување на вработеноста на жените и старите лица, како и на миграцијата. Германското пензиско осигурување лани исплатило вкупно 25,9 милиони пензии.
Околу 6,6 отсто од тие пензии отишле во странство, што изнесува приближно 1,7 милиони исплати.
Околу 86 отсто од сите пензии исплатени во странство добиваат државјани на други земји кои со стекнување права преку плаќање придонеси ги исполниле своите пензиски услови.
Најголемата група меѓу нив се Италијанците - околу 349.000 од нив добиваат пензија од германското пензиско осигурување.
B92* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





