КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит
Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2024 11:38
Со одлука на Влада потврдени се условите за унгарскиот кредит, за кои претходно беше постигнат договор со банките, а кои средста се очекува да го придвижат стопанството, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Влада, Марија Митева.
- На седница на Влада одржана на 26.11.2024 се донесе заклучок во врска со Предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитната линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за инвестирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва. Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови.
Mаксимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95 отсто без надомест за одобрување и управување.
Сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20 проценти од вкупната вредност на инвестицијата.
Дополнително, нагласи таа, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.
Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.
- Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од БДП, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост - потенцира портпаролката Митева.
На новинарско прашање кога ќе можат да бидат достапни парите за фирмите и од кога ќе можат тие да ги поднесуваат апликациите со бизнис плановите во однос на унгарскиот кредит, таа рече дека се очекува тоа да биде наскоро штом завршат процедурите во банките
- Имаме информации дека најголем дел од банките се согласни за истото. Во овој момент ги презентираме условите. Процедурата е следна, Министерството за финансии ќе треба да ги префрли парите на Развојната банка. Развојната банка ќе треба да склучи договори со банките, тие договори да поминат во рамки на наделжните органи во самите банки и веднаш потоа да бидат достапни.
Очекуваме во најскоро време оваа процедура да заврши со оглед на фактот што интересот е навистина голем и од стопанството, но и од банките да учествуваат во оваа кредитна линија, вели Митева.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено





