01 Ноември, 2024
0.0253

Грчката економија излегува од криза – ќе ги повтори ли грешките?

Објавено во: Балкан 11 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Планираното за оваа година враќање на Грција на пазарите на капитал се испречува пред позицијата на нејзините доверители. Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се загрижени дека на овој начин Владата може да не ги оствари  обидите за обновување на економијата. Тројката кредитори сметаат дека владејчката структура во Грција може да ги  повтори претходните свои грешки, ако земјата успее да побегне од оковите на својата спасувачка програма. При слични сценарија земјите членки може да откажат последователна финансиска помош. Грција ја предаде контролата врз економската и буџетската политика на доверителите, бидејќи беше принудена да побара спасително финансирање во 2010 година, откако нејзините финансии излегоа надвор од контрола. Премиерот на државата, Андонис Самарас изјави дека има намера да ги нападне пазарите повторно, на тој начин одбележувајки го крајот на спасувачката програма за Грција, поради која се разгори должничката криза во еврозоната. Минатата недела приносот на 10 - годишните грчки обврзници достигна 6,65 % , враќајќи се на нивото од пред кризата. Профитабилноста всушност беше најниска во речиси четири години. Денес трошоците за заемите изнесуваат околу 6,8 отсто, додека во март 2012 година, стапката беше 37,1 %. Влијанието на тројката над Самарас веќе ослабнува. Очекувањата се дека оваа година економијата ќе излезе од шесте години на рецесија, постигнувајќи вишок како на тековната сметка, така и во буџетот. Премиерот има доволно пари за да ги исплати платите и пензиите во јавниот сектор. Единствено тој мора да земе средства за да се направи исплата на 321 - милијарди долг на земјата.  И што е уште поважно - поголемиот дел од долгот држат европските држави , ММФ и ЕЦБ . Владата очекува во април Еуростат да потврди дека во 2013 година постигнале буџетски вишок пред да бидат направени каматните исплати на долг. Така доверителите ќе се уверат дека Грција нема потреба од дополнителни мерки за намалување на долгот, што пак од друга страна ќе значи олеснување на финансискиот притисок врз Самарас. Во 2013 година процентот на каматните исплати како дел од бруто домашниот производ на земјата се собираа до 3,3 % од 7,8 % , колку што беше во 2011 година. Инвеститорите барајки принос при рекордни ниски каматни стапки, пак ја зголемија побарувачката на грчки државни обврзници, покажуваат податоците на Bloomberg . Истовремено веста дека грчките банки ќе се вратат на пазарите на капитал по 5 -годишна пауза, може да се покажат добри за инвеститорите бараат ризични инвестиции. Доверителите на Грција побараа од најголемите банки во земјата да обезбедат дополнителен капитал во износ од 2 милијарди евра преку продажба на акции и обврзници на меѓународните пазари на капитал. Водечките грчки банки треба да обезбедат дополнителни 6,4 милијарди евра ( 8,9 милијарди долари ), за да се справат со последиците од кризата и да се избегне паѓање при идна криза. Податоците покажуваат дека National Bank of Greece - најголемата банка во земјата според средства, има потреба од уште 2,18 милијарди евра. Третиот најголем кредитор во земјата - Eurobank, има недостиг на капитал од скоро 3 милијарди евра. На Piraeus Bank и Alpha Bank им требаат помали износи - односно 425 милиони евра и 262 милиони евра .  ЕЦБ , ЕК и ММФ не се согласуваат со оценката на централната банка - тие сметаат дека банките во Грција имаат потреба од уште 8-8,5 милијарди евра. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери