19 Декември, 2025
0.0394

Грчката економија може да падне за 5% по референдумот

Објавено во: Балкан, Економија 01 Јули, 2015 20:29

Добивај вести на Viber

Три главни проблеми има околу предлогот на Ципрас, коментира Хуго Диксон од „Ројтерс“. Тие се поврзани со неговите идеи за зачувување на намалениот ДДВ за островите, платите (минималната и колективните договори) и запирање на приватизацијата во енегретиката.

Една нова програма ќе бара најмалку 50 милијарди евра за наредните две години, со кои ќе бара рекапитализација на банките и да се расчистат задоцнетите плаќања. Но ќе биде многу тешко да ги убеди парламентите на еврозоната да одобрат таква сума.

- Ако Ципрас продолжи да агитира пред референдумот против планот на доверителите (гласање со „Не“), а луѓето гласаат со „Да“, тој ќе поднесе оставка и најверојатно ќе следат нови избори.

- Ако ја смени насоката и агитира за поддршка на доверителите, тоа веднаш ќе ја подели партијата. Во ова сценарио може да има влада на национално единство со политички неутрална фигура за премиер.

Мојата главна прогноза е дека Ципрас ќе продолжи да агитира во корист на кампот „Не“, а Грците ќе гласаат со „Да“ и во август ќе има нова влада, вели Диксон.

Но дури едно такво „добро“ сценарио за различен кабинет следниот месец вклучува огромен удар по економија - веројатно колапс со повеќе од 5% од БДП во следните 12 месеци. Нема шанси Грција да постигне примарен буџетски суфицит оваа година, се надевам доверителите ќе го сфатат тоа и да не ставаат неостварливи барања пред новата влада.

Колку време ќе помине пред продавниците во Грција да почнат да земаат од клиентите премија при плаќање со картички или да применуваат попусти за оние кои им носат кеш? Во пракса, ова е нешто како механизам на паралелна валута, вели аналитичарот.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен