Грчката листа со реформи – општи приказни!
Објавено во: Балкан 30 Март, 2015 14:14
Во текот на викендот Атина преговараше со доверителите за обидот да ги надминат тешкотиите околу економските реформи на Грција, но разликите во нивните позиции покажуваат дека засега земјата нема да биде избавена од финансиски проблеми, пишува „Financial times“.
Доверителите сакаат владата да исполни одредени реформи пред да доделат 7,2 милијарди евра од спасувачката програма. Откако грците испратија листата со реформи минатата недела, Атина има време до крајот на понеделник да го финализира.
Блиски до преговорите објавија дека владата на Алексис Ципрас се повлече по некои прашања, но недостасуваат детали во многу од реформите.
Ако не успее да го договори финансирањето, Атина може да ги заокружи средствата, пред да направи плаќање во вредност од 450 милиони евра кон Меѓународниот монетарен фонд следната недела. „Fitch“ го намали рејтингот на земјата до „значителен кредитен ризик“ заради “нејасна можност за навремено плаќање на долговите кон финансиски институции“.
Според претставници на администрацијата Ципрас направил отстапки по две од барањата на доверителите - зголемувањето на ДДВ на грчките острови и задржување на данок на недвижниот имот, кој Владата сака да ги укине.
Изгледа дека задржувањето на данокот е во центарот на новиот план, наведува „Financial times“. Благодарение на него во касата ќе влезат приближно 2,5 милијарди евра, што би требало да се зголеми примарниот буџетски суфицит до 3,5 милијарди евра за 2015 година.
Листата со реформи сепак не вклучува промени во трудовото законодавство и пензискиот систем, кои според доверителите се од најголема важност за обновување на спасувачката програма.
„Нема веројатност да бидат земени рецесиони мерки, без разлика дали станува збор за намалување на платите и пензиите или либерализацијата на законодавството на масовните отпуштања“, рекол Ципрас во вчерашна изјава.
Позицијата на владата не им се допаѓа на доверителите од еврозоната, кои не ја одобруваат намерата на Атина за приоритети на плановите за трошење на новите средства наместо економските реформи.
Институциите од „тројката“ - Европската комисија, Европската централна банка и ММФ - се на мислење дека реформите се уште се премногу нејасни, премногу оптимистички и со премногу малку детали.
Тие се обидуваат да ја натераат Атина да „ги засили“ предлозите, пред да ги претстави пред Еврогрупата.
„Целта ни е да ја направиме листата во нешто што содржи достапни детали кои се корисни“, коментира претставник на една од институциите.
Претставници на грчката администрација се надеваат дека оваа недела може да се одржи средба со Еврогрупата, по која ќе бидат доделени 7,2 милијарди евра, што ќе и овозможи на Грција да не банкротира до склучувањето на крајниот договор.
Според извори блиски до преговарачите сепак спроведување на таква средба оваа недела изгледа не особено веројатна, а другата - само ако предложените реформи се оценети како конкретни и остварливи.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




