15 Декември, 2025
0.0426

ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ЗАБРАНИ СОБИРОТ НА АЛБАНЦИТЕ ВО АТИНА: Образложија зошто се решиле на ваков чекор

Објавено во: Балкан 15 Декември, 2024 16:26

Добивај вести на Viber

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина. 

Како што јави грчкиот медиум Прототема, властите соопштија дека со одлуката на директорот на полицијата на Југоисточна Атика е забрането одржување на собир на Албанците. На социјалните мрежи за 19 часот е најавена средба на Албанците во улицата „Корис“, во населбата Алимос.

Грчката полиција соопшти дека е одлучено да се забрани овој собир со образложение дека „постои сериозна опасност од нарушување на општествено-економскиот живот на одредена област и неговото одржување ќе предизвика пречки во сообраќајот и пристапот до јавните служби, организациите за социјална заштита и институции кои обезбедуваат медицински услуги, односно функционирање на јавните инфраструктури и објекти и снабдување на пазарот со витални добра“.

Грчките медиуми реагираа на неодамнешната прослава на Денот на независноста на Албанија на главниот плоштад Синтагма во Атина, кога Албанците славеа со албански знамиња, обвинувајќи го премиерот Киријакос Мицотакис за мек пристап кон албанските имигранти, потсетува телевизијата А2.

Албанскиот премиер Еди Рама годинава имаше две средби со Албанците во Грција, во Атина и во Солун. Тој вети дека тие во иднина ќе учат на албански јазик. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството