16 Декември, 2025
0.0427

Грчки земјотрес ја „стресе“ и Македонија

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2014 16:30

Добивај вести на Viber

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Кефалонија. Епицентарот на земјотресот бил во местото Ликсурион, на западниот дел на островот, но бил почувствуван дури и до Атина, како и во соседните држави на Грција - Македонија и Албанија. Потресот попладнево го почувствувале и жителите на Охрид и на Битола. По силниот земјотрес кој ги исплашил жителите на Кефалонија, биле почувствувани уште неколку послаби земјотреси. Според првичните информации, земјотресот предизвикал материјална штета, оштетени се повеќе куќи и објекти во гратчето Ликсури, на 6 километри од епицентарот, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија во северниот дел од Кефалонија. За сега нема информации за евентуални жртви или целосно разрушени објекти, но земјотресот предизвикал одрони на карпи и лизгање на земјиштето во одредени делови на островот. Жителите на Кефалонија се вознемирени, бидејќи потресот ги потсетил на силниот земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди островот во 1953 година и во кој животите ги загубија стотици луѓе.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството