19 Декември, 2025
0.0407

Грчките банки се на работ на банкрот

Објавено во: Балкан, Економија 28 Јуни, 2015 10:08

Добивај вести на Viber

Грчките банки се на работ на банкрот - влечењето на депозити се засилува, а можностите за финансирање на Грција се исцрпуваат, наведуваат од „Фајненшл тајмс“.

Весникот ги набројува ограничените варијанти пред силните тешкотии за грчкиот банкарски систем.

Секое евро, подигнато од банкоматите, се поддржува од итнo финансирање на Европската централна банка (ЕЦБ). Без продолжување на грчката спасувачка програма, сепак, овие вонредни заеми од ЕЦБ се ставени под сомнение, објаснува весникот.

Два се начините Грција да ги поддржи банките: да објави банкарски одмор или капитална контрола.

Во првиот случај ќе се запре одливот на пари од банките, но на многу висока цена за економијата. За разлика од тоа, капиталната контрола ќе овозможи повлекување на пари од банкомати и некои исплати, но со одредени ограничувања.

За воведувањето на овие ограничувања сепак се потребни најмалку три дена, а банките треба да имаат достапни пари за да ја пречекаат побарувачката, иако ограничена. Можно е денес да биде свикана телеконферентна седница на Управниот одбор на ЕЦБ, за да се разговара евентуалната капитална контрола од утре.

Најверојатно сепак премиерот Алексис Ципрас нема да може да ги задржи банките отворени до референдумот на 5 јули. Според информирани извори банките уште имаат пари, но не доволно за да се справат со очекуваното повлекување, а ЕЦБ во најдобар случај ќе го остави сегашното ниво на итно финансирање.

Единствениот надзорен механизам на ЕЦБ може е лиценца на банка, која не успева да одговори на побарувачката, но не може да ја затвори. Тоа е одговорност на грчката централна банка, но треба да се има предвид дека Грција уште не донела европски закон за затворање и обновување на банките.

Што се однесува до можноста од финансиска криза во странство, „Фајненшл тајмс“ истакнува дека изложеноста на банките од ЕУ кон грчкиот финансиски систем е ограничена. Грчките банки сепак имаат филијали во Албанија, Бугарија, Кипар, Романија, Србија, Турција и Македонија.

Некои мерки веќе се преземени од властите во овие земји, но регулаторите стравуваат од последиците од евентуален грчки банкрот.

„Фајненшл тајмс“ се обидува да даде одговор и на прашањето кој ќе настрада најмногу од воведувањето на капитална контрола или од банкарски банкрот.

Весникот потсетува дека депозитите се на најниско ниво од 10 години. Над 100 милијарди евра се повлечени од 2010 година и сега се останати помалку од 130 милијарди евра. Останатите вложувачи се корисници и мали и средни претпријатија.

Банките велат дека супер богатите одамна си ги презеле парите. Ако бидат наметнати ограничувања, најверојатно ќе бидат погодени најмногу оние надвор од Грција, претпоставува „Фајненшл тајмс“.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен