Грчките блокади ја оштетиле македонската железница за 12,5 милиони евра
Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 08:03
Освен најавата дека ќе се интензивира соработката меѓу македонските и грчките железници, став што го потенцираа Асани и Теофанопулос, нејасно остана во кој дел ќе се интензивира соработката. Од друга страна, ниту Теофанопулос, ниту Асани не сакаа да одговорат колкави се штетите што македонските железнички компании ги трпат поради блокадите и штрајковите на грчките железници. Директорот Ирфан Асани, кој е на раководната позиција на МЖ-Инфраструктура, негираше дека влијанието на таквите штрајкови и блокади било од клучно значење за македонските железници.
Во документите што минатата година беа презентирани во Собранието, а кои се однесуваа на состојбите во железницата пишуваше дека во период од три години двете железнички компании од земјава имаат штета од околу 12,5 милиони евра.
Во периодот на 2009, 2010 и 2011 година, само поради штрајкови и блокади во железничкиот сообраќај од страна на Грчките железници, железничкиот систем во Република Македонија има претрпено финансиски штети и загуби и тоа: МЖ Транспорт АД – Скопје, Товарен сообраќај има претрпено финансиски штети од 9.488.841 евра, додека вкупните штети на ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје од штрајкот и блокадите на Грчките Железници изнесува 180,663,584 денари или 2,928,097 евра“, пишува во извештајот што минатата година беше разгледуван пред пратениците.
Финансиски штети на Македонски Железници Транспорт АД само од неработењето на Грчки железници
Вкупни штети на ЈП МЖ Инфраструктура- Скопје само од штрајкот и блокадите на Грчките Железници
„Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железница како целина во која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки. Еден воз кога ќе тргне од Пиреа или Атина и ќе стигне во Германија, тогаш тој воз не е само грчки, туку на сите држави низ кои поминува“, изјави Теофанопулос.
Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е намален за три ипол пати во споредба со периодот пред економската криза, а една од причините поради која европските бизнисмени се повеќе ја заобиколуваат Македонија, според директорот Асани, е лошата железничка инфраструктура.
„Имавме 28 црни точки каде имавме бавно движење на возовите, односно тие се движеа со намалена брзина од 20 километри на час. Исто така, имаме и други проблеми кои ги немаат земјите кои веќе се дел од ЕУ како Бугарија и Грција. Имаме чекање на стоката на царинска или полициска контрола која во дадени ситуации трае и со часови“, изјави Асани.
Инаку оваа средба на двајцата директори, се случува по 25 години, во време кога Грција и Македонија се уште се далеку од компромис во спорот за името. Токму затоа таа, освен економска има и своевидна политичка димензија. Интересно е дека грчкиот директор Панајаотис Теофанопулос се сретна само со директорот на МЖ-ИНфраструктура, Ирфан Асани, кој е кадар на ДУИ, а не се сретна со директорот на МЖ-Транспорт, Оливер Дерковски, кој пак е кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Теофанопулос, во Скопје дошол на покана на Асани.
С.Н
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар





