Грчките војници на парада ја навредуваа Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 29 Октомври, 2018 15:52
Дел од грчките војници излегоа со навреди кон Македонија.
Со скандирања против нашата земја и Договорот од Преспа парадирале грчките војници вчера на воена парада во градот Солун, по повод сеќавање на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна. Некои членови на единицата извикувале „Македонија е Грчка“, додека поминувале покрај ВИП ложата, каде биле сместени грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос и други делегации.
Грчката полиција успеала да спречи мала група демонстранти која имала намера да маршира и да протестира против Договорот од Преспа.
Додека говорел министерот за одбрана, Панос Каменос, кој е и лидер на малата десничарска партија „Независни Грци“, и кој остро се противи на Договорот од Преспа, некој од толпата извикал: „Оставка! Спасете ја Македонија“.
„Кога ќе дојде време“, додал министерот.
На парадата присуствуваше и италијанскиот претседател, Серџио Матарела.
Истовремено, грчката полиција застанала мала група на демонстранти кои сакале да маршираат и да протестираат против Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесе АП.
фото Танјуг
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




