01 Април, 2023
0.0437

Грчкото електростопанство доминира на целосно либерализираниот пазар на струја во Македонија

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Грчкото државно електростопанство преку својата подружница ЕДС како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот пазар на електрична енергија во Македонија.

ЕДС продал 1.365.007 мегават/часови, а од слободниот пазар држи 40 отсто, пред ЕВН Трејдинг со 840.000 мегаватчасови и словенечкиот ГЕН-И со 376.000 мегават часови. Другите помали играчи се ЕЛЕМ Трејд со 102 илјади, ЕФТ со 97, швајцарскиот Алпик и Соларпро Холдинг со по 90 илјади, меѓу 22 снабдувачи и трговци.

Од почетните фази на либерализација па до сега на крајот од 2019 се забележува солидна разлика во цените помеѓу набавената и продадената струја, што значи дека операторите во блиска иднина конечно може да очекуваат вистински добивки, откако во 2017 беа принудени да продаваат по негативни цени, а во 2018 со мала разика во маржата. Набавната цена лани била 3.500 денари по мегаватчас, а продажната во просек по 3.900.  За споредба, во 2018 година трговската маржа изнесувала само 177 денари. 

ЕДС е уште подоминантен и на пазарот кај таканаречените мали потрошувачи, каде снабдувањето е неколкукратно помало. Но и тука ЕДС постигнал завиден резултат од 560.000 мегаватчасови и учество од 65 отсто во продажната структура. Следуваат ЕВН Електроснабдување со 160 илјади и Енерџи Активе со 60 илјади во првите три.

Во 2019 година сите потрошувачи се стекнаа со правото на избор на снабдувач. Со новата година стартуваше целосната либерализација и секој потрошувач можеше да одбере од која фирма ќе купува струја. Снабдувачите се активни особено кај комерцијалните потрошувачи, бидејќи инаку плаќаат висока цена на регулираниот пазар, додека за домаќинствата не се особено заинтересирани, затоа што нивните трошоци се можеби најниски во Европа.

Според официјални податоци барем половината од потрошената електрична енергија во Македонија е купена по пазарни цени. Најголемите играчи во бизнисот со трговија и снабдување со електрична енергија се големи регионални играчи присутни и на европските пазари. Од јавно достапните податоци на ЦРМ, „Фактор“ ги има приходите и добивките за 2019 на сите снабдувачи на нерегулираниот пазар..

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ССМ: НЕХУМАНО И НЕЧОВЕЧКИ Е ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА УЖИВААТ, а работниците да преживуваат

ССМ: НЕХУМАНО И НЕЧОВЕЧКИ Е ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА УЖИВААТ, а работниците да преживуваат

ВЕЌЕ НЕ БАРААТ ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА ВО ГЕРМАНИЈА: Промена и на условите за работниците од Балканот

ВЕЌЕ НЕ БАРААТ ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА ВО ГЕРМАНИЈА: Промена и на условите за работниците од Балканот

Велика Британија се приклучува на транспацифичкиот трговски блок

Велика Британија се приклучува на транспацифичкиот трговски блок

БАРААТ ПОМОШ И ОД ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Некои членки на ЕУ против зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина

БАРААТ ПОМОШ И ОД ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Некои членки на ЕУ против зголемениот увоз на земјоделски производи од Украина

ПОВТОРНО РАСТ НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ - Дали е прерано да се слави?

ПОВТОРНО РАСТ НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ - Дали е прерано да се слави?

ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИ ЛИСАТАТА НА ЗАМРЗНАТИ ПРОИЗВОДИ?! - Се чека одлука за овошјето и зеленчукот

ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИ ЛИСАТАТА НА ЗАМРЗНАТИ ПРОИЗВОДИ?! - Се чека одлука за овошјето и зеленчукот

БУГАРИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНАТА СИЛА - Големи разлики меѓу земјите членки на Унијата

БУГАРИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНАТА СИЛА - Големи разлики меѓу земјите членки на Унијата

НА ОВИЕ ВОЗИЛА НАЈЧЕСТО СЕ ВРАЌА КИЛОМЕТРАЖАТА: Внимавајте при купувањето користени автомобили

НА ОВИЕ ВОЗИЛА НАЈЧЕСТО СЕ ВРАЌА КИЛОМЕТРАЖАТА: Внимавајте при купувањето користени автомобили

ДАЛИ ЗАБРАНАТА ЌЕ ЈА ПРЕТВОРААТ ВО ПРЕДНОСТ?! Фокус ставен на напредокот во технологијата на полупроводници

ДАЛИ ЗАБРАНАТА ЌЕ ЈА ПРЕТВОРААТ ВО ПРЕДНОСТ?! Фокус ставен на напредокот во технологијата на полупроводници