Грција денес има повеќе од 2.000 заразени, се шири и делта сојот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Јули, 2021 19:27
Tрет ден по ред во Грција расте бројот на заболени од коронавирусот.
Денеска по пауза од месец и половина се регистрирани повеќе од 2.000 нови случаи на коронавирусот, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24-часа регистрирани се 2.107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати. Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит. По организирана забава на грчкиот остров Иос, потврдени се најмалку 14 позитивни случаи кај млади кои синоќа се вратиле во Атина и веднаш се тестирани на атинското пристаниште Рафина, јави дописничката на МИА од Атина.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





