Грција има скоро 1.800 нови заразени - наложени се строги мерки
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 06 Јули, 2021
Растe бројот на заразени во Грција, при што за 24 часа има 1.797 случаи на коронавирус и осум починати. 1.026 се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а осум се регистрирани на влезните точки во земјата. За разлика од минатата недела, зголемен е бројот и на направени тестови, вкупно 66.464 од кои 50.808 се рапид тестови, а останатите ПЦР.
168 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина. Негативен тест од вчера е задолжителен за невакцинираните лица, кои сакаат да патуваат на грчките острови.
Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.