Грција ќе понуди седумдесетина острови без корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 07 Април, 2021
Грција ќе создава „острови без корона“ за побрзо да го врати туризмот во нормала.
Неколку острови на Егејското море, ќе бидат први области без Ковид-19, затоа што вакцинацијата се засилува во туристичките дестинации. 69 острови ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април.
„Имаме многу мали острови. Затоа што на нив е тешко да дојдат до залихи, одлучивме да ја вакцинираме целата популација на нив во еден здив, и кога ќе примаат туристи да бидат во целост вакцинирани и заштитени“, рече челникот на министерството за здравство Мариос Темистоклеус.
Со помош на вооружените сили, ќе биде овозможена испораката на вакцини на оддалечени острови. Ќе бидат вклучени авиони, хеликоптери и бродови.Според програмата наречена „Слобода“, илјадници вакцини ќе бидат испорачани до овие острови.
Грција засега има остров без коронавирус. Уште од месец март минатата година, на грчкиот остров Мегисти имало само еден случај на инфекција на коронавирусот. Набрзо потоа тој еден случај е изолиран и останатите 500 жители биле целосно заштитени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.