ГРЦИЈА НЕМА ДА ГО ЕКСТРАДИРА 60-ГОДИШНИОТ МАКЕДОНЕЦ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО - барањето одбиено, казната застарела
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 09:55
Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.
Убиството, за кое 60-годишниот беше баран со европска потерница се случило во Македонија во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин. Сторителот тогаш бил осуден на 15-годишна затворска казна, но побегнал во Грција, а пред шест месеци, беше уапсен во Катерини.
Инаку станува збор за лицето Ацо Боцевски, кој бил познат под прекарот „Циганот“, и бил во бегство цели три децении, односно од 1998 година.
Тој требало да отслужи затвор од 15 години за убиството на Сеат Ибраими, но исчезнал по соминителни околности додека бил во домашен притвор.
Според судскиот предмет и документите од македонското обвинителство, како што пишува АНА-МПА, 60-годишниот намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото да ги види оштетувањата, пукал кон него и го убил, додека пак една година подоцна се одржало судењето и бил осуден на 15 години.
За потсетување станува збор за крвавиот настан кој се случи во среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.
Боцевски пред солунскиот суд, објаснил дека откако бил пуштен од притвор, побегнал и се преселил во Грција и дека сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија.
- Тој, преку своите адвокати, изјави дека во тој период служел во личното обезбедување на тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров и дека бил на мета од политички причини.
Според неговите тврдења, бил задржан во притвор 90 дена, по што бил пуштен на слобода, а потоа избегал со пасош издаден од властите на неговата земја и се преселил во Грција - пишува АНА-МПА.
Со оглед на тоа што изречената казна е пред 20 години, согласно грчкото кривично право е застарена и затоа судиите го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Северна Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





