ГРЦИЈА ОЧАЈНО БАРА РАБОТНИЦИ: Ќе им даде шанса на мигрантите
Објавено во: Економија 20 Декември, 2023
Мигрантите ќе добијат тригодишен престој во Грција.
Оваа одлука би била еден од начините за решавање на недостигот на работна сила во виталните сектори на економијата, објави Ројтерс. Мигрантите и барателите на азил кои живеат во земјата најмалку три години, немаат криминално досие и им е понудена работа, можат да аплицираат за нова дозвола за престој до декември 2024 година. Грција преку лето има потреба од работници. Според медиумските извештаи, Грција има проблем со наоѓање работници затоа што нивните и кадрите од други земји, заминуваат во Шпанија.
foto EPA-EFE
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.