20 Декември, 2025
0.0633

Грција прифаќа предлози од нашата опозиција - но кои?

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 20:00

Добивај вести на Viber

Maкедонскиот премиер, Зоран Заев вели дека се консултирале и со Грција, при што некои предлози од опозицијата се прифатливи. 

Ова го кажа Заев попладнево на првата од петте јавни расправи што ги организира Владата за уставните амандмани.

Тој ги потенцира предлозите на Панчо Минов за постепена примена, како и дел од предлозите на Илија Димовски за вметнување на Уставот од 1991, но и предлози на албанската опозиција од Алијансата на Абанците и Беса на Касами, изнесени на собраниските дискусии.

Заев додаде дека  предлозите на осумтемина пратеници од независната пратеничка група се веќе вградени во нацрт-амандманите и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила  само доколку Грција ги ратификува договорот од Преспа и протоколот за наше членство во НАТО.

Премиерот вели дека дискусиите ќе траат пет работни дена, до следниот вторник, и уште два дена да ги сублимираат предлозите за потоа да се достават до Собранието.

Преку јавни дискусии со експерти и со граѓани, власта ги почнува серијата дебати за уставните измени. Првата јавна дискусија попладнево во Владата ја отворија премиерот Зоран Заев, и професорите Владо Попоски и Љубомир Фрчковски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки