Грција урива рекорди со бројот на заразени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Август, 2021 18:37
Соседна Грција урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот.
По скоро четири месеци повторно има повеќе од 4.000 новозаразени. Има вкупно 4.181 случај, а починаа 19 луѓе, додека 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Од новите случаи, 1.238 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 710 се на островот Крит, а 337 во Солун. Поради зголемениот број новозаразени во градот Ираклио на Крит, од утре се воведува полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти преку целиот ден. Во Грција досега се регистрирани вкупно 521.399 случаи на коронавирусот, а починаа 13.118 луѓе. Ниту туристите нема да бидат поштедени.
За туристите што ќе добијат позитивен тест во Грција е предвиден карантин од 10 дена.
foto unsplash.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





