Грција уште една седмица ќе биде во карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Март, 2021
Карантинот во Грција e продолжен за уште една седмица, a училиштата ќе бидат затворени до 29.
До 29 март ќе бидат затворени основните и средните училишта во цела Грција и од вторник, онлајн настава ќе следат и учениците во деловите од земјата каде што се одржуваше редовна настава со физичко присуство, а паралелно карантинот и рестрикциите во Грција се продолжуваат за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас попладнево ги соопшти одлуките, по препораките од надлежната комисија на епидемиолози. Грција и понатаму е поделена во две зони темноцрвена („многу зголемена опасност“) и црвена („зголемена опасност“) согласно епидемиолошката слика во секој од регионите. Во темноцрвената зона се областа Атика, поширокиот дел Атина, Солун и уште 26 други региони, од кои осум беа денеска соопштени и во сила се построги рестрикции, односно целосен карантин со полицискиот час од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на Солун и Атина, каде што од понеделник до петок е од 21, а само за викендите од 19 часот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.