Грција утринава ги затвори границите за Србите
Објавено во: Балкан 06 Јули, 2020
Грција ја затвори границата за српските граѓани утрово во шест часот, освен за неопходните патувања за кои е потребна посебна дозвола, а српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во својата земја.
„Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата да се најдат на патот или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Танјуг“.
Портпаролот на владата во Атина, Аристотелија Пелони, рече дека „според новите епидемиолошки податоци, решено е да се запре влезот на српските граѓани во Грција од понеделник, 6 јули, во шест часот наутро, јави агенцијата Ана-Мпа.
Суспензијата ќе трае до 15 јули. Грција ја отвори границата за граѓаните на Србија и другите земји на 1 јули, по што голем број на туристи од Србија заминаа на одмор во таа земја.
Во Србија, во меѓувреме, бројот на заболени од коронавирусот започна да расте, а во неколку градови е прогласена вонредна состојба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.