19 Декември, 2025
0.0576

Грција затвора граничен премин со Албанија, откако беше фатен организиран криминал со потврди за негативни тестови во Корча

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2020 09:54

Добивај вести на Viber

Откако беше откриено фалсификување на потврди, грчките безбедносни органи одлучија времено да го затворат граничниот премин Капштица, кај Корча во Албанија.

Преминот се затвора од денес до 4 декември 2020 година и нема да биде дозволено движење на пешаци и возила (автомобили, автобуси и камиони) и на влезот и на излезот од Грција.

Грчките служби идентификуваа дека од најмалку две точки во градот Корча, членови на организацијата изработувале потврди за негативни тестови со неточни податоци, кои потоа,  им ги продавале на патниците кои сакале да поминат преку царината на Капштица кон Грција .

Најмалку 9.000 потврди се идентификувани како фалсификуван. Инаку на овој граничен премин дневната квота за преминување броеше 300 луѓе на ден. Затворањето на Капштица ќе ги принуди жителите на Корча да изберат премин низ Северна Македонија или пак кај Какавија.

Извори од грчката полиција за албанскиот Топ Чанел велат дека иако ги известиле своите албански колеги за ситуацијата, ништо не се сменило. Станува збор за организација која имала добра заработка од ваквата нелегална активност а имала и подршка од локалните власти и структури во полицијата.

Грчките полициски власти, врз основа на официјалното известување испратено до Граничната полиција Капштица, појаснуваат дека при спроведување на одлуката на грчката влада да преземе мерки за справување со ситуацијата создадена како резултат на пандемијата Ковид-19, од 20 ноември во 06:00 часот наутро, до 04.12.2020 година, граничниот премин Капштица ќе биде блокиран и нема да биде дозволено движење на пешаци и возила (автомобили, автобуси и камиони) како на влезот и на излезот од Грција.

Граничната полиција Капштица ги повикува сите граѓани кои сакаат да патуваат во Грција, во оваа временска рамка, да избегнуваат патување кон оваа премин.

По должината на патната оска Корча-Капштица, ќе има полициски сили кои ќе ја следат состојбата и нема да дозволат премин на возила во правец кон Капштица.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен