06 Декември, 2025
0.0288

ГРЦИТЕ ГИ ОТКРИЈА ПРАВИЛАТА - раздалечени лежалки и однапред направени корона тестови

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2020 13:50

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги откри здравствените протоколи за хотели и аеродромски летови од странство, кои наскоро ќе се рестартираат. Бидејќи Грција се промовира и сугерира како една од најпогодните дестинации за годинешното лето, здравствените протоколи што ги следи земјата беа предмет на голем интерес. 

Како што објави порталот Грикдом, според најавите на министерот, неколку од потенцијалните регулативи се следниве:

• За резервирање на лет преку интернат на странски патник кој сака да оди во Грција како дестинација, тој треба да има здравствено уверение дека не е позитивен на коронавирус, изваден во претходните 72 часа. Без овој документ, резервирање лет преку интернет не е можно.

• Соодветно на тоа, грчките туристи со намера да патуваат во странство, треба да бидат проверени на 72 часа пред нивното патување, врз основа на транснационални договори.

• На летовите од и кон Грција нема да има празни места, односно нивните капацитети ќе бидат полни, со цел воздушниот транспорт да биде финансиски одржлив.

• Исто така, се предлага на летовите со траење од максимум четири часа да се сервираат само претходно спакувани грицки и без оброци.

• Туристите заминуваат од земјата без никаква проверка, за да не се ризикува нивно заробување и карантин во Грција, што би претставувало анти-мотив за избор на нивната земја како дестинација за одмор.

• Во секој туристички регион во земјата, Министерството за туризам ќе изнајмува туристички сместувачки капацитет што ќе функционира како „хотел во карантин“, каде што ќе бидат префрлени туристите доколку се утврди дека се трансмитери на коронавирус.

• Секој хотелско-туристички капацитет е должен да склучи договор со лекар, кој лично или преку телемедицина треба да утврди дали одреден турист ќе биде подложен на тест за коронавирус. Овие тестови ќе треба да дадат резултат најдоцна во рок од 6 часа, со цел секој што смета дека е позитивен да биде префрлен во „хотели за карантин“.

• Во секој хотел ќе биде направена специјална обука за персоналот, во врска со посебните правила за здравствена заштита.

• Во хотелите нема да се служи во нивното бифе, туку ќе биде вклучена само услуга (со исклучок за многу мали хотелски единици).

• Лежалките за сонце ќе бидат поставени оддалечено и ќе бидат покриени со пкривка за една употреба за секој поединечен посетител што ќе дојде на плажа.

Министерот за туризам исто така ги напомена предвидувањата за транснационални договори со земји како Бугарија, Израел, Кипар. Целта на споменатите договори е бесплатен трансфер и враќање на грчките тури во овие земји. Конечно, министерот предвидува дека иако приходот од минатата година од туризмот достигна 18 милијарди евра, приходот оваа година ќе биде, во најдобар случај, приближно 8 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии