Грците кажаа под кои услови можеме да почнеме преговори
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2019
Грчкиот владин портпарол Стелиос Пецас, потврди дека се можни средби на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со неговите албански и македонски колеги – Еди Рама и Зоран Заев, додека е во Њујорк.
Прашан дали ќе се разговора за одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, односно дали напредокот на патот кон Европската унија ќе се разгледува по индивидуална заслуга, како што постојано инсистираат македонските власти, Пецас одговори дека во очите на Атина двете земји се неразделни кога се работи за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство во Европската унија.