Добивај вести на Viber
Лути и разочарани од последните изјави на својот министер за финансии, Јанис Стурнарас , вработените во државната администрација на Грција пред Министерството денеска донесоа храна. На ваквиот чин се решија за да му „помогнат“ на министерот кој минатата недела изјави дека и неговото семејство, како и останатите во земјата страда поради економската криза.
Во текот на една телевизиска емисија, министерот кажал дека знае како е да се живее со 500 евра месечно, како и дека многу од членовите на неговто семејство живеат со многу малку пари.
Ваквите изјави предизвикаа незадоволство во будејќи Грците сметаат дека токму политичарите се виновни за кризата, но идека тие живеат многу подобро од останатите граѓани.
Во Грција минималната плата е 500 евра, но дел од пензионерите на пример живеат и со помалку од 300 евра.
Германски колбаси, масло за јадење, домати и пилешко беа дел од храната која демонстрантите му ја понудија на својот министер.