19 Декември, 2025
0.1506

Грците предвидуваат продлабочување на кризата во Македонија

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 19:44

Добивај вести на Viber

Соседите изгледа во полна пареа ја следат состојбата во Македонија.

Тоа го говори фактот што едно грчко радио анализирајќи ги изборните резултати пренесува дека изборите ја продлабочуваат политичката нестабилност.

Проблемите, според анализата, ја преминуваат границата на само внатрешно-политичките и може да се одразат и на етничките и на општествените односи во земјата. Коментирајќи ги етничките односи, анализата забележува дека е импресивен резултатот од изборите на новото албанско движење Беса.

Она што Грција очекува, како што пренесува агенцијата мета, да го види е како следната влада ќе се постави кон грчко-македонските односи. 

Според анализата на „Атина 98.4“, интересно е дека и двете големи партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по однос на прашањето за името имаат слични позиции и ветуваат дека нема да направат отстапка од теми како македонскиот идентитет и јазик, како и дека секое договорено решение ќе оди на референдум.

„Ова е негативен развој, бидејќи го поткопува преговарачкиот процес во рамки на Обединетите нации. Иредентизмот на националистичкиот лидер на Албанија, Еди Рама се вкрстува со иредентимот на политичките партии во Скопје и во комбинација соработката меѓу Тирана, Скопје и Анкара создава еден силен бран на ревизионизам и на нашата северна граница“,се вели во анализата.

Спорот за името, според текстот, се состои од поттикнување иредентистички и територијални претензии од македонска страна кон Грција преку фалсификување на националното, историското и културното наследство на Грција.

„Грција останува стабилна на политиката за компромис и се стреми за изнаоѓање одржлив договор за спорот за името. Грчката влада има јасна позиција за ова, а тоа е сложено име со географска одредница пред зборот Македонија, кое ќе важи кон сите ерга омнес за севкупна употреба, внатрешна и меѓународна“, се вели во текстот од анализата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки